Koegel_25785

Асфалтна полуприколка од Kögel

Kögel претстави нови двеоскени и триоскени кипери полуприколки за превоз на асфалт со зафатнина од 24 кубни метри. Шасијата е потполно изолирана според прописите за превоз на асфалт и опремена со интегриран систем за мерење на температурата на превозниот материјал.

Системот за мониторинг на топлина е со пет точки на мерење и е опремен со монитор и печатач. На мониторот се испишуваат читања од различни точки на мерење и просечната температура. Самата изолација е направена од исклучително отпорен материјал кој беспрекорно издржува загревање до 200 °C. Надворешните страни на полуприколката се заштитени од корозија преку употреба на нанокерамична технологија, катафорезно бојадисување и UV-лакирање. Температурните сензори лесно се одржуваат, поставени во метални капаци. Полиуретанскиот капак кој е отпорен на топлина се користи како подвижен покрив на полуприколката. Сето ова обезбедува значително зголемена температурна стабилност на асфалтот. Интересна опција обезбедува Kögel за сите останати киперски полуприколки, кои можат да бидат надградени да се квалификуваат за превоз на асфалт. Целосната изолација, вклучувајќи го и мерниот систем може да биде додадена во фабриката во Буртенбах, со тоа што ќе бидат додадени само 350 килограми дополнителна тежина на полуприколката.