vargas-S1_939774S1

ВИДЕО: Возач на камион снимил како порој на кал си поигрува со автомобили и камиони

“Никогаш не сум видел ништо слично. Цел дел од ридот се оддели и падна врз патот ‘’

Силната бура која во четвртокот го зафати јужниот дел од сојузната американска држава Калифорнија им предизвика големи невољи на бројни граѓани, а особено драматично беше на автопатот во близина на местото Техачапи во кое заради поплавите и поројот од кал заглавија повеќе стотици возила.

Калта на коловозот паѓаше дваесетина минути откако дождот во четвртокот попладне започна да врне, а врнењето било прилично интензивно. Возачите кои во тој момент се затекнале на патот биле сосема беспомошни.

На снимката која ја објавил Jose Antonio Vargas на својот Facebook профил може да се види како река од кал ги помрднува и носи возилата во негова близина, а и самиот тој на симката може да се слушне како извикува во кабината на својот камион со приколка и ги моли сите кои ја гледаат снимката да повикаат брза помош.

Откако невремето се смирило, калот брзо започнал да се суши, со што зацврсал како бетон и ги заробил бројните возила. Локалните спасувачки групи се на теренот и полека го ослободуваат патот, но стравуваат дека некои возила се целосно прекриени со кал. Сепак, сега за сега никој не се води како исчезнат.

„Никогаш не сум видел ништо слично Село парче од ридот се оддели и се струполи врз патот. Автопатот веќе го нема,“ изјави шефот на локалната полиција Mario Lopez за агецијата АР.

Инаку, Josea Antonia Vargasa по неколку часа би спасен и сместен во еден прифатен центар заедно со уште неколку кои биле затекнати во несреќата.