Opel Vivaro ни е добро познат како одличен автомобил за работа. Еве, тој е соодветен и за lifestyle возило. Година по претставувањето на новата генерација на моделот, кој до сега има веќе 90 000 продажби, Opel ја покажува и концептната опција Vivaro Surf. Елегантната патничка верзија е идеална за спортски активности.
Петмина до шестмина патници (во зависност од конфигурацијата на седиштата) заедно со целата спортска и фитнес опрема не се проблем за Opel Vivaro Surf. Просторниот автомобил со двојна кабина покажува како неверојатните товарни можности можат да бидат комбинирани со високо ниво на удобност и стилски дизајн. Покрај тоа, тој нуди некои прилично практични решенија – како посебна товарна зона со волумен од 3,2 метри кубни и дури 4,0 метри кубни за верзијата со долго меѓуоскино растојание. На овој начин Opel Vivaro Surf е идеален за транспорт на влажен или валкан прибор по патување од плажа или од планините без тоа да им пречи на патниците. Првата ваква верзија на овој модел ќе го одбележи своето деби на Меѓународниот автосаем во Франкфурт (од 17 до 27 септември 2015 година). Таа ќе биде прикажана на штандот на Opel D09 во сала 8.0.
opel-vivaro-surf-04
“Концептниот модел Vivaro Surf е идеален автомобил за големи семејства или групи од пријатели. Најблискиот модел до сериско производство нуди простор за до шест патници со својата двојна кабина. На располагање е голема товарна зона со бројни практични детали зад вториот ред седишта. Спортскиот надворешен дизајн и мноштвото системи поврзани со удобноста, вклучувајќи ултрамодерен систем IntelliLink во внатрешноста, го претвораат во едно навистина модерно комбе. Vivaro Surf е совршена алтернатива за луѓето кои имаат потреба од патнички автомобил, но не сакаат да ја жртвуваат потребната удобност, “забележува Штефан Рашиг, директор на одделот за лесна линија возила на Opel / Vauxhall.
До шест места и поголема товарна зона
Opel Vivaro Surf го привлекува погледот со својот сјаен колорит во медено бела и кафена боја. Специјалните за овој модел алуминиумски тркала на Irmscher ја нагласуваат спортската и елегантна визија. Иако возилото ги покажува своите вистински квалитети кога вратите и задниот капак се отворени – или механички или со помош на системот Keyless Open без клуч, Vivaro Surf Concept може да носи голем товар. Опрема за скијање или аикидо, сурфбородови или велосипеди – товарната зона на најдолгиот петметрски транспортер со вкупно дозволена тежина до 2,9 тони може да одговори на сите очекувања.
opel-vivaro-surf-05
Покрај тоа, тој го прави сé со практична елеганција: подот на товарниот простор е опремен со сосема нов систем; целата широчина под вториот ред седишта се користи како кутија за чување на разни предмети и може да се сместат малите прибори. Внатрешноста, чија опрема е дело на стручњаците од Snoeks Automotive, создава пријатна атмосфера со помош на сино осветлување во страните и рабовите на покривот. Оние кои не можат да одлучат дали да патуваат до морето или да направат велосипедси круг, можат да ги изберат и двете: Vivaro Surf нуди специјални елементи за прикрепување на сурф, па љубителите на стилските лонгбордови не се лишуваат од можноста да стартувате со нив.
Подготвен за производство со моќен мотор и воздушно потпирање
Меѓу модерните технолошки решенија е дизел моторот BiTurbo CDTI со 140 КС. Тој располага со 340 Nm вртежен момент и го придвижува концептниот Vivaro Surf до максимална брзина 180 км / ч. Верзијата ecoFLEX со систем Старт / Стоп троши само 6,1 литри дизел на 100 километри, што е еквивалент на 160 грама јаглерод диоксид на километар (според прелиминарните податоци), што го прави Opel Vivaro Surf исклучително економичен автомобил. Улога за обезбедување на дополнителна удобност има и воздушното потпирање. Овој тип на технологија на задната оска компензира секаков вид нерамнини на патот, и им обезбедува удобно чувство на патниците при движење. Нешто повеќе, во комбинација со купени пружини суспензијата ја намалува висината на возилото со приближно седум сантиметри до 1,9 метри, па Vivaro Surf може да има пристап до повеќето катни паркиралишта.
По светската премиера за време на Меѓународниот автосаем во Франкфурт, наскоро потоа Opel Vivaro Surf ќе влезе во производство како лимитирана серија.