Scania го одобри користењето на биодизелот HVO (Hydrotreated Vegetable Oil) кај моторите со Еуро 6, под услов ова гориво да ги покрива техничките стандарди TS15940. HVO по хемискиот состав е многу близок до стандардното дизел гориво. Камионите при користење на HVO, во оптимални услови можат да постигнат до 90% намалување на емисиите на јаглерод. Биодизелот HVO не ги влошува динамичките карактеристики на автомобилите и задржува истите сервисни интервали.
Претходно оваа година Scania го одобри биодизелот HVO за сите свои мотори Еуро 5. Во соработка со своите клиенти, компанијата одржа тестови во реални услови со учество на околу 100 камиони со мотори Еуро 6, кои работат на HVO. Заклучокот од тестовите беше дека Биодизелот HVO може да биде употребен на сите мотори Еуро 6 на Scania, вклучувајќи ги и кај автобусите.
Засега производството и дистрибуцијата на HVO-горивото е доста ограничено, но од Scania продолжуваат да ги истражуваат можностите за користење на алтернативните горива.