Der VDL-Doppeldecker Citea DLF 114, aufgenommen am Dienstag (11.08.15) in Berlin, anlaesslich einer Pressekonferenz zur Vorstellung des neuen VDL-Doppeldeckers vom Typ Citea DLF 114.
Der VDL-Doppeldecker Citea DLF 114, aufgenommen am Dienstag (11.08.15) in Berlin, anlaesslich einer Pressekonferenz zur Vorstellung des neuen VDL-Doppeldeckers vom Typ Citea DLF 114.

VDL Bus & Coach ги испорачаа првите нископодови двокатни Citea DLF-114 на BVG за Берлин

На 11 август првиот нископодов двокатен градски автобус VDL Citea беше доставен на Берлинската компанија за јавен превоз BVG (Berliner Verkehrsbetriebe). На овој начин 11,4-метарскиот двооскен автобус на холандскиот производител VDL го направи своето деби како возило за јавен превоз.

Во март оваа година BVG им ја довери на VDL Bus & Coach порачката за изработка на двокатен нископодов автобус. Холандската компанија се справи во исклучително краток временски период и еве,  неколку месеци подоцна е подготвена со автобусот Citea DLF-114 (Double deck Low Floor). Тој е првиот двокатен градски автобус произведен од VDL.

4--VDL-Citea-DLF-114-interior

Citea DLF-114 има две скалила за качување на вториот кат и капацитет за вкупно 97 патници. Освен тоа, DLF-114 целосно ги задоволува економските и еколошките барања на еден современ градски автобус со максимален број на места за седење и патници за двоскени автобуси. Оваа високоефективна алтернатива за градот ги  исполнува сите аспекти од барањата кои VDL ги постави при објавувањето на конкурсот за проектот. Двoкатните автобуси ќе почнат да се движат по линиите на берлинскиот кварт Шпандау од почетокот на октомври.

5--VDL-Citea-DLF-114-interior

За да се осигура дека презема правилни одлуки во однос на транспортните средства, BVG редовно ги тестира новите автобуси за своите линии во германската престолнина. Клучен аспект во овие искушенија е патничкиот сообраќај, најмногу меѓу долната и горната палуба, и особено во комбинација со времето за чекање на постојките и работата на првиот и на вториот кат. Како дополнување на тестовите се прават и блиц интервјуа, за да се добие поцелосна претстава за преференциите за удобност и комфорност на патниците.

При изработката на Citea DLF-114 се користени модули од постојните модели на VDL. Двоспратниот 11,4-метарски градски автобус има табла за информации, која покажува колку слободни места остануваат на горниот кат. На секој ред седишта на горната палуба има USB-влез. Подот, опфаќајќи ја зоната за качување по скалите, како и зоната на горната палуба е бојадисана во посветла боја, LED сијалички ги осветлуваат скалите за вториот кат, а ребрести држачи им помагаат на патниците со оштетен вид да се ориентираат подобро при качувањето и слегувањето.

1--VDL-Citea-DLF-114-handover

Во моментов најголемата општинска транспортна фирма во Германија – BVG оперира со над 1300 автобуси коисе движат на 151 линија, кои заедно со метрото (10 линии) и трамваите (22 линии) се ‘рбетот на транспортот во главниот град на федералната република. Во 2014 година Berliner Verkehrsbetriebe превезол над 978 милиони патници во Берлин.