Truck Online Configuarator
Truck Online Configuarator

Нов онлајн конфигуратор за камионите на Mercedes-Benz

Со онлајн конфигураторот за камиони (Truck Online Configurator -ТOC) Mercedes-Benz со години им обезбедува на своите клиенти максимално точни технички информации за камионите, кои можат да бидат порачани кон фабриката. Од крајот на септември годинава е достапна најновата, подобрена верзија на TOC која е компатибилна и со таблети и со смартфони.

Првата страница на конфигураторот започнува со избор на модел. Откако е прецизиран моделот на бараниот камион, се продолжува со изборот на останатите технички параметри и опрема. Новиот TOC на Mercedes-Benz можете да најдете овде.

ТОС овозможува да се види надворешниот изглед на конфигуриранот камион од сите страни. Исто така на кабината се одделуваат три одделни зони за бојадисување, и за секоја зона може да се избере од 18 различни бои. Информациите и сите технички податоци, може да се симнат на употребената електронска направа (компјутер, таблет, смартфон) и потоа да бидат испратени на овластениот дилер на Mercedes-Benz, со што ќе започне процесот на договарање и нарачка на фабриката.