Iveco-Magelys-Pro-rear-2

Трофејот за најдобар меѓународен патнички автобус на годината 2016 му припадна на Iveco Bus

Стјуарт Џоунс, претседател на жирито составено од 22 новинари од Европските автобуски трговски медиуми кои го гласаа Magelys “Меѓународен патнички автобус на годината 2016”, му ја врачи наградата на Силвијан Блејз, раководител на Iveco Bus, минатата недела на производниот штанд на Busworld Kortrijk.

Кога Iveco Magelys беше именуван за Меѓународен патнички автобус на годината 2016 во август, организаторите изјавиле: “Жирито особено го пофалија Magelys во својата најнова Еуро VI верзија, која може да се пофали голем број на иновативни карактеристики, кои одат многу подалеку од едноставна “сребрена насмевка”, која сега ги краси сите предни маски од опсегот на Iveco автобусите. Фокусот на производителот со вклучен значителен напор  беше насочен кон оптимизација на цена-ефективност на возилото, а жирито ги истакна сите подобрувања кои се комбинираат за активно да се намали вкупниот трошок на сопственост (TCO) за операторите”.

Iveco-Magelys-Pro-rear-1

Во рамките на законската рамка која се залага за поголема слобода во однос на транспортот на автобусот, овој голем успех ја зајакнува позицијата на Iveco автобусите, како еден од водечките европски индустриски играчи.

Magelys е туристички патнички автобус со ексклузивен дизајн, достапен во две должини (12,2 метри и 12,8 метри) и три верзии (Line, Pro and Lounge, едната е претставена во Busworld), која излегува во пресрет на многуте потреби и барања изразени од страна на компаниите за превозот на патници. Како доказ за неговата разновидност, возилото претставено пред жирито на Еуро Тестот за патнички автобуси беше опремено со сите капацитети препорачани за употреба на нови правци на регионално, национално и европско ниво. Тие се појавија во почетокот на либерализацијата на секторот во Германија, а сега и во Франција, од објавувањето на законот Macron.

Победникот на трофејот “Меѓународниот патнички автобус на годината 2016” е Magelys Pro, опремен со следново: лифт за инвалидски колички со посебна врата за пристап и простор за патници со намалена подвижност, монтажна маса, 46 Kiel кожени седишта, централен тоалет, 3 LCD екрани на извлекување, Wi-Fi конекција, 220 V и USB приклучоци, GPS и предна камера, обезбедување на патници со поглед на патот напред.

Iveco-Magelys-Pro-rear-view

Се разбира, Magelys исто така може да се пофали и со екстремно високи нивоа на активна и пасивна безбедност. На пример, неговата робусна самоподдржувачка структура е појачана со катоден слој да се обезбеди долготрајна заштита од корозија. Тој е дизајниран да го помине тестот за превртување R66/01, меѓународна регулатива која им обезбедува на патниците да добијат максимална заштита ако се преврти возилото; стандардите потребни за да се помине овој тест нетрадиционално се исполнети од страна на двокатните автобуси. Magelys исто така е опремен со најновите технолошки иновации како што се LDWS (Систем за предупредување за излегување од патот) и AEBS (Напреден систем за помош при нагло сопирање) автоматско сопирање.

Силвијан Блејз, раководител на Iveco Bus, изјави: “Ние сме горди дека Magelys е победник во следнава серија на интензивни тестови, заработувајќи ја посакувана титула на “Меѓународенпатички автобус на годината 2016″ и покрај сериозната конкуренција. Ова е силен сигнал на целата индустрија и сличните оператори, кој јасно укажува дека нашето возило ги има сите квалитети потребни за остварување на една голема европска кариера”.