workhouse
workhouse

DAF го претставува LF 2016 Edition

Холандскиот производител DAF воведува голем број на иновации во популарниот модел од средната класа LF, наменет за дистрибуција. Оптимизираната погонска група, новиот аеродинамичен пакет, големиот  избор на базни тркала и горивни резервоари придонесуваат за поголема ефикасност и враќање на првичните трошоци.

Кај LF 2016 Edition, тврди производителот,  постигната е до 5% помала потрошувачка на гориво благодарение на оптимизирање на моторот. Подобрениот софтвер и подоброто управување на системот за обработка на издувните гасови прават 4,5-литарскиот мотор PACCAR PX-5, кој доаѓа со моќност од 152 к.с.до 213 КС, да биде до 5% поефективен во однос на потрошувачката на гориво. 6,7-литарскиот PACCAR PX-7 со моќност од 223 КС до 314 КС  веќе е достапен како опција во комбинација со 12-степениот автоматски менувач AS Tronic. Во споредба со досегашиот шестбрзински автоматски менувач, новиот овозможува максимална маса на камионот до 32 тона, со што се зголемува ефикасноста.

Единствен за оваа класа камиони е резервоарот за гориво со капацитет до 1240 литри. Инсталирањето му е можно и поради понудата за подолги базни тркала во зголемен број – до 6,9 м.

Новиот аеродинамичен пакет обезбедува до 4% помала потрошувачка на гориво. Специјално за разладувачки транспорт DAF LF 2016 може да се нарача со подготовка за монтирање на Frigoblock generator во комбинација со 4,5-литарски мотор PACCAR PX-5.

Во новиот LF 2016 Edition информациите од тахографот се видливи на централниот дисплеј. Збогатен е и со информациите за возачот, кој може да се потпре на Driver Performance Assistant.

Во моделите од LF 2016 Edition се користи најнова технологија и системи за удобност и безбедност како AEBS, FCW, ACC и LDWS.

Новите LED задни светла, воведени веќе кај поголемите CF и XF се опција кај LF 2016 Edition.

Модерната палета Еуро6 на DAF ќе биде претставена на саемот Amsterdam BedrijfsautoRAI 2015, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври. Како дел од филозофијата за транспортна ефикасност на холандската компанија меѓу експонатите ќе биде претставен и LF 2016 Edition.