Schmitz_image_award

Schmitz Cargobull ја освои “Best Brand” Image наградата

Европскиот водечки производител на приколки ја освои титула по петти пат – со највисоко рангиран систем за ладење и признание за кипер полу-приколки.

Одлуката на читателите била јасна: Schmitz Cargobull е добитник на наградата најдобар бренд во категоријата на приколките. Водечкиот производител на приколки во Европа ја освои титулата по петти пат. Читателите на трговските публикации Fernfahrer, lastauto омнибус и transaktuell гласаа за овогодинешнатапрочуена Image награда, доделена од страна на издавачот ETM-Verlag.

“Освојувањето на наградата во категоријата Приколки уште еднаш е одличен резултат и не прави горди. Ние ја сметаме наградата како потврда на вредноста на нашите напори и нашите производи кои се ориентирани кон корисниците. Практичните и ефикасни иновации од Schmitz Cargobull постојано ја докажуваат својата сигурност секој ден “, изјави Ulrich Schöpker, член на Управниот одбор на Schmitz Cargobull AG, на церемонијата на доделувањето на наградите на 11-ти јуни во Штутгарт.

Компанијата за приколки, исто така успеа во категоријата Кипер, и се искачи на ранг-листата на второто место: “Го должиме овој успех на комбинацијата на солиден инженеринг и личните препораки од задоволните клиенти. Клиентите се особено импресионирани од високите технички стандарди и издржливоста на киперите кога се користат за градежни работи “, објасни Ulrich Schöpker. “На нашите настани за потрошувачите како што се Tipper Days добиваме важни практични повратни информации, кои нашите инженери потоа ги интегрираат во понатамошниот развој на возилото.”

Системот за ладење на Schmitz Cargobull, исто така, го освои второто место во категоријата единици на ладење, повторувајќи го успехот од претходната година. “Нашиот растечки вертикален систем на интегрирање и ‘one-stop shop’ стратегијата, заедно со скроеното финансирање ја докажува нивната вредност”, објасни Schöpker. “Конкретно, со високите перформанси уредот за ладење со својот интелегентен систем за контрола и снимање на податоци, во комбинација со веб-базираниот систем за мониторинг и проактивните услуги за управување, обезбедува целосна контрола врз ладење на товарните возила” продолжи Ulrich Schöpker.

Транспарентната комуникација со клиентите преку трговскиот печат, билтенот и социјалните медиуми имаат голем придонес за тројниот успех на Schmitz Cargobull, како и развојот на самиот бренд. Исто така, деновите за корисниците и личните консултации служат и за одржување на директен дијалог со клиентите. Истите овие клиенти се, исто така, читатели на трговските публикации. Како такво, извонредното рангирање на Schmitz Cargobull ги претставува како постојано посветени и мотивирани да продолжат да напредуваат.

Читателите на трговските публикации на ETM, lastauto omnibus, transaktuell и FERNFAHRER, гласаа за 19ите признанија на најдобрите комерцијални возила. Победниците во 22те категории беа избрани во соработка со DEKRA и под надзор на судиите. Читателите ги проценуваа брендовите според имиџот и квалитетот на производот. Овие награди претставуваат важен индустриски барометар, со оглед дека резултатите од истражувањето им обезбедуваат материјален доказ за мислењето на потрошувачите и нивните преференции.